Рели Дакар: Доминација на Пежо

Рели Дакар: Доминација на Пежо

Трикратната победа на возачите на Пежо кај автомобилистите ја обележаа третата етапа на релито Дакар.

Возачите на Пежо, кај автомобилистите, доминираа на 780 километри долгата етапа од Сан Мигел де Тукуман до Сан Салвадор де Хуи. Победи Стефан Петерхансел, пред Карлос Саинц и Себастијан Леб.

Од друга страна третата етапа нема по добро да ја паметат возачите на Тојота Ал Атијах, Нани Рома, Жињел де Вилије и Ерик ван Лон. Четворицата се соочија со прблеми поради кои загубија повеќе од еден час.

Третата етапа кај мотоциклистите му припадна на членот на Хонда Хоан Бреда, додека водечкиот во вкупниот пласман Тоби Прајс заврши на четвртото место.

Четвртата етапа е долга 521 километар, а ќе се вози од Сан Салвадор де Хуи до Туписа.

Поврзани вести

Игор Стефановски – Иџе сепак со две трети ме... Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе сепак со две трети места го заокружи својот настап на трката во ЕТЦЦ шампионатот која се возеше вчера...
ВИДЕО: Фетел го удри намерно Хамилтон, Рикардо поб... Возачот на Ред Бул Даниел Рикардо е победник на денешната трка за Големата награда на Азербејџан што се возеше на патеката низ улиците на Баку. Тр...
Трето место за Стефановски на втората трка во Порт... Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе заврши на третото место на втората денешна трка во португалскиот град Вила Реал. Оваа трка беше преки...
Роси победник на трката во Асен... Валентино Роси победи на денешната трка во шампионатот на Мото ГП што се возеше за Големата награда на Холандија во Асен. Ова е прва победа за Роси по...
Стефановски остана без подиум на првата трка во По... Македонскиот автомобилист Игор Стефановски - Иџе остана без подиум на првата трка во Вила Реал, Португалија поради крајно неспортски потег на домаќино...
Стефановски ќе стартува од петтата позиција на трк... Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе на денешната трка во ЕТЦЦ шампионатот што ќе се вози во Португалија ќе стартува од петтата позиција. ...