Камена куќа на триаголен плац на Тајван

Камена куќа на триаголен плац на Тајван

Тајванското студио „Оспејс Арехитектс“ изгради четиркатна куќа наречена Чуангуа, која е сместена на плац во форма на триаголник.

Ваквата форма на плацот барала од архитектите да осмислат градба, која ќе може да се вкопи на понудената површина. Затоа тие решиле да изградат структура од два различни дизајнерски концепти, кои ќе бидат вклопени во единствена целина.

Инспирацијата за куќата потекнува од изгледот на карпите во тајванскиот национален парк „Жангџиаџие“, па и самата градба наликува на камења нафрлани еден над друг.  

Замислата била сите отвори на куќата да го следат концептот на длабење на камен, така што сите прозорците и вратите изгледаат како да се ископани во градбата, а не како да се дополнително монтирани.

При градењето направено е визулено одвојување на приземјето од останатите катови со поставување на бетонска плоча, која создава барера меѓу основата и горните делови, кои за таа цел се обоени во бело со што наликуваат на карпите од „Жангџиаџие“.

Во внатрешноста на куќата има отворен простор, кој овозможува природна климатизација и циркулација на свеж воздух со цел да се создаде пријатно чувство во топлите месеци, особено имајќи ја предвид субтропската клима кој владее на Тајван.

Поврзани вести

ФОТО: Реновирана стара куќа во Калифорнија... Студиото „Архитект Прајнис“ реконструираше еден бунгалов во Калифорнија, изграден во 30-те години на минатиот век, давајќи му модерен дизајн без компр...
ФОТО: Куќа во американски стил... На страсните љубители на архитектурата добро им е познато името Френк Лојд Рајт, визионер кој дизајнирал градби пред своето време и се смета за еден о...
ФОТО: Нова линија на порцеланско осветлување... Дизајнерката Габриела Леви го избрала порцеланот како материјал за изработка поради неговата издржливост и разноликост. Таа креирала прекрасна...
ВИДЕО: Најелегантната трпезариска маса... Создадена со префинета елеганција, „Juggler Table“ е модерна маса, што е дело на „Sayar&Garbieh“ студиото од Бејрут, инспирирана од либанската култура...
ФОТО: Дрвото како материјал на модерното време... Архитектонското студио „Тенфифтифајв“ неодамна го комплетираше реновирањето на историска куќа сместена во австралискиот град Мелбурн. Црните ч...
ФОТО: Мистериозен затемнет стан во Киев... Користењето на светли бои е еден од основните принципи и свето правило за уредување на ентериерот. Светлите тонови визуелно ја зголемуваат прос...