Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Јапонската компанија „Сузики“ го промовираше новиот „Свифт“, кој за разлика од претходните модели на овој бренд има пет врати.

Продажбата на новиот модел во Јапонија почнува денеска, додека европската премиера се очекува на Саемот за автомобили во Женева. Сепак, продажбата во Европа не се очекува да почне се до крајот на летото.

Новиот „Сузуки Свифт“ е долг 3,84 метри, но наместо досегашните три врати има пет, со цел да ги следи потребите на купувачите и трендовите во последните години. Сепак, рачките за задните две врати се добро маскирани и речиси не се забележуваат.

Новиот „Сузуки Свифт“, исто така, поседува камери и ласерски сензори за предвидување на судар и навремено кочење. Тој поседува и темпомат за одржување на растојание од возилата пред него.

„Свифт“ е исклучително успешна приказна за „Сузуки“. Од лансирањето на овој модел во 2004 година, во светот досега се продадени 5,3 милиони возила од овој бренд. 

Поврзани вести

Доаѓа најмоќниот продукциски „Сеат“ на сите времињ... Наскоро на пазарот ќе се појави редизајнираниот „Леон Купра“ со дури 300 коњски сили, а во пресрет на лансирањето компанијата „Сеат“ објави нови фотог...
Протекоа првите фотографии од „Форд Мустанг“ за 20... По рестилизираната купе варијанта, „Форд“ на јавноста и го прикажа и редизајнираниот „Мустанг“ со отворен покрив. Американскиот производител ги обј...
Електричното возило на компанијата Фарадеј Фјучр ќ... Фарадеј Фјучр (Faraday Future) неодамна го претстави својот прв електричен автомобил кој има реална шанса да влезе во масовно производство – FF91. Ист...
Судот и нареди на „Шкода“ да обештети купувачи зар... Германски суд донесе одлука чешкиот производител на автомобили „Шкода“ да мора да му исплати 26.500 евра отштета на сопственикот на моделот „Шкода Је...
Шведската итна помош ви ја гаси музиката во возило... Амбулантните возила во Стокхолм ќе бидат опремени со посебни уреди кои ги блокираат радио апаратите околу себе, со цел возачите да ја слушнат сирената...
Претседателскиот автомобил на Трамп е отпорен на к... На денот на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, свечено ќе биде претставено и неговото ново возило Кадилак Уан (Cadilac One). Сп...