Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Американскиот автомобилски концерн „Ford“ се откажа од градењето фабрика во вредност од 1,6 милијарди долари во Мексико и наместо тоа одлучи да го прошири производството во својата фабрика во Мичиген.

Според соопштението од вторникот на „Ford Motor Сompany“, производителот на мексиканската сојузна држава Сан Луис Потоси ќе ѝ исплати компензација за откажувањето на инвестицијата. Наместо тоа, американскиот гигант ќе потроши 700 милиони долари на проширување на фабриката во Флет Рок, во секторот на производство на електрични автомобили.

Директорот на „Ford“, Марк Фиелдс, изјави дека ваквата одлука делумно ја донеле поради падот на продажбата на помалите автомобили, а делумно како „израз на доверба“ во политиката на избраниот американски претседател Доналд Трамп.

Трамп претходно го критикуваше „Ford“, како и неговиот конкурент „General Motors“, поради производството на некои модели возила во Мексико.

Тоа не значи дека „Ford“ се повлекува од Мексико, туку дека производството на моделот „фокус“ ќе го префрли во постојната фабрика во Хермосил за да ја зголеми нејзината профитабилност. Сегашната верзија на овој автомобил се произведува во фабриката во Вејни, во сојузната држава Мичиген. Таму ќе се префрли производството на нови два модела, со што ќе се задржат 3.500 работни места.

Претходно во вторникот Трамп на Twitter го критикуваше „General Motors“ поради производството на автомобили во Мексико, што му овозможува да не плаќа царини во САД.

„General Motors без плаќање на царина ги испраќа моделите ‘шеви круз’ од Мексико во САД. Правете ги во САД или платете царина!“, порача Трамп.

Автомобилите произведени во Мексико можат без царина да се увезуваат во САД благодарејќи на Северноамериканскиот договор за слободна трговија (NAFTA), еден до договорите кои Трамп ги напаѓаше во текот на својата претседателска кампања, бидејќи доведува до губење работни места во САД.

Поврзани вести

Наскоро промоција на сериската верзија на „Хонда С... Љубителите на автомобилите на „Хонда“ наскоро ќе имаат можност да видат како изгледа новиот модел „Сивик Тајп Р“, кој ќе ја има својата промоција на 8...
Пристигнува летечкиот автомобил „Либерти“ и ќе чин... Холандската компанија „PAL-V“ уште во 2012 година го претстави прототипот на летечкиот автомобил, а пет години подоцна на купувачите ќе им ја понуди и...
„Aуди А6“ за 2018 година „Ауди“ почна тестови на новата генерација на моделот А6 на јавни сообраќајници, за што сведочат првите фотографии на „камуфлираниот” прототип. Нов...
Мерцедес годинава ќе започне со производство на ел... Германскиот автомобилски гигант Мерцедес е подготвен за пуштање во производство на првиот камион со целосно електричен погон. Камионот ќе биде бази...
Француската групација „ПСА“ сака да го купи брендо... „Џенерал Моторс“ е во преговори за можна продажба на марките „Опел“ и „Вајхол“ на групацијата „ПСА Шежо- Цитроен“, потврдија од двата автомобилски гиг...
Дебелината на Американците ги промени тест куклите... Популацијата на развиените западни земји, како САД, старее, а просечен американски жител е подебел од порано, што влијае и на тестовите за безбедност ...