Македонците за празниците најмногу во Србија и Бугарија

Зимските туристички центри во соседните држави и годинава се атрактивни за македонските граѓани кои планираат таму да ги поминат новогодишните празници и дел од зимскиот одмор.

За новогодишните празници интерес има за Нови Сад и Копаоник во соседна Србија, за Софија во Бугарија и за Паралија, Солун и Атина во Грција каде во зависност од аранжманот цените се движат од околу 100 до 200 евра. Се нудат аранжмани и за Малта, Кипар и Лондон за каде се потребни од 500 до 800 евра, а помал интерес годинава има за градовите во Источна Европа како што се Букурешт, Будимпешта, Милано и Виена.

Од туристичките агенции информираат дека годинава има зголемен интерес за зимување на Копаоник и оти посебно граѓаните се заинтересирани за фамилијарен одмор, а не заостануваат ниту зимските туристички центри во соседна Бугарија како Банско, Боровец и Пампорово каде се нудат аранжмани за сечиј буџет.

Има аранжмани за сместување во хотели со вклучени спа центри до вили целосно опремени, а во некои од нив има и сауни. Цените се различни во зависност од аранжманот, категоријата на хотелот, понудата и временскиот период.

Дел од оние што нема да заминат на зимување во соседна Бугарија или во Србија, ќе ги посетат домашните зимски туристички центри како Маврово, Попова Шапка и Крушево каде имаат можност да се сместат во приватни или хотелски сместувања.

Поврзани вести

ВИДЕО: Величествени подводни градови меѓу митот и ... Митот за Атлантида веќе илјади години ја предизвикува фантазијата на лаиците и професионалците. Иако професионалците велат дека станува збор за ми...
Италијанската влада подарува над 100 дворци, вили ... Ако Италија е земја во која од секогаш сте сакале да живеете, еве можност тоа и да го остварите, објави „Нешнл џеографик“ Италијанската влада подар...
ВИДЕО: Дубаи гради уште два вештачки острова до кр... Дубаи планира да вложи 1,7 милијарда долари во проектот за пополнување на два вештачки острова од двете страни на луксузниот хотел „Бурј Ал Араб“. Нов...
Романец во мисија за освојување на 14-те врвови по... Алпинистот Хорија Колибашану (40) од романскиот град Темишвар си поставил за цел да ги искачи сите 14 врвови на Земјата повисоки од 8.000 метри. Т...
Ненаселен остров во Пацификот „потопен“ со 17 тони... Малиот и ненаселен остров Хендерсон, во Јужниот Пацифик е прогласен за најзагаден со пластични отпадоци во целиот свет. Заедничкото истражување, шт...
Терапевтски понија ја намалуваат нервозата на патн... Два од 34 минијатурни коњи од фармата „Севн оукс“ во југозападен Охајо два пати месечно шетаат низ Меѓународниот аеродром Синсинати, Северен Кентаки, ...