Почеток на падот на режимот

Почеток на падот на режимот

Што се случи на 24 декември?

Тоа утро во мојот град по наредба на фирерот се мобилизираше партиската војска и полиција која насила беше носена од целата држава, во колони присилени да го бранат режимот! Беа истоварени наоружени со цврсти предмети под контрола во секој момент да се спротистават на народот кој масовно излегуваше да си ја одбрани државата и демократијата на мирен начин, онака како што доликува на граѓанинот!

На присетување на овој црн понеделник сеуште ме боли душата кога го слушав лелекот на моите другари и другарки кои насилно беа торпедирани од ударите со камења и слични предмети, тој ден… Фирерот ги спрегна и тргна со партиската полиција врз сопствениот народ! Тој ден! Внатре во собранието на Р.Македонија. Партиската полиција удри врз пратениците ( гласот на народот) и врз новинарите ( очите на македонската демократија) тој ден бев горд на татко ми кој никако не ми ја испушташе раката и заедно рамо до рамо беше таму во одбрана на мојата и иднината на моите другари и другарки, беше таму во одбрана на татковината! Ти благодарам.

24.12.2012. да не се заборави и никогаш да не се повтори!

Денес последниот ден од овој ГНАСЕН РЕЖИМ злосторникот повторно преку своите поданици пробува да ја купува вољата на народот!

Тоа што ме прави тажен е фактот што ДПТ ( Турската демократска партија) и тогаш и денес ја игра главната валкана поданичка игра во режија на ВМРО ДПМНЕ.
Една мудра турска поговорка вели… Подобро да кажам да ми изгоре устата отколку да молчам и да ми изгори душата!

Дали е вистина дека “врвот” на ДПТ (турската демократска партија) веќе неколку дена вклучително и денес е послеедниот адут во ракавот на режимот во Теарце кој одработува за опстојување на оваа диктатура и преку поткуп со неколку стотици евра го лаже сопствениот народ со тоа што го уценува и на најбезобразен начин- еве ти ги парите, колку и да посакаш! Но за возврат им ги зема документите за идентификација ( Л.К. и ПАСОШ ) со тоа и на криминален начин ја ускртува вољата за слободни фер и демократски избори !
Нема да ви успее!

Затоа НИЕ членовите на ДНЕТ одлучно застанавме зад своите граѓани а не зад личниот интерес! Затоа ве повикувам на 25 декември да излезете масовно на избори со заокружување на бр.4 да го зададете послеедниот демократски удар врз режимот на системот и да го вратиме животот во Македонија. Затоа што секој е важен! Затоа што Македонија е за сите!

РЕЖИМОТ ПАДНА!

ДОАЃА ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА

Един ЈАКУПОВИЌ

Поврзани вести

За каква потреба од екстерно тестирање знаеле СДСМ... ВМРО-ДПМНЕ во своето соопштение – реакција на соопштението на ЛДП вели дека и ЛДП и СДСМ знаеле за потребата од екстерно тестирање и се повикува на на...
Дијагнозата е поставена, лекувањето започнува... Долго, можеби предолго бев во дилема дали да го пишувам овој текст. Ме мачеше прашањето дали треба да реагирам на менталните загадувачи на јавниот мед...
Народе, Дедо Мраз ќе дојде и кај нас... Секоја приказна дали среќна или несреќна, си има крај Што судба ќе имаше ова наше убаво државиче да му се случуваат толку ладни зими, жешки лета, д...
Карциномот 49/51 Во неделата, карциномот на последните скрининзи и биохемиски анализи покажа голема сензитивност на хемотерапијата аплицирана од СДСМ. Станува збор за ...
Крик за слободата Другари и другарки мои, борци и соборци, недела е денот за одлука кој ни се ближи. Во недела е денот за одлука за нашата иднинина и вашите деца! Да не...
Македонија ни е една држава друга немаме да си ја ... Внатрешниот непријател е поопасен од надворешниот а ние го имаме веќе 10 години и има име, ВМРО-ДРПМНЕ кое не заслужува ни да го носи тоа свето име ...