Карциномот 49/51

Карциномот 49/51

Во неделата, карциномот на последните скрининзи и биохемиски анализи покажа голема сензитивност на хемотерапијата аплицирана од СДСМ. Станува збор за нов пристап во лекување. Резултатите драстично се подобри од претходните години.

Забележана е огромна неодговорност од медицинскиот персонал на Фамилијата, која често пати во процесот на лечење употребувала несодветна група лекови.

Сепак, оздравувањето е евидентно. Анализата покажува дека сите пациенти кои одбиле да им инјектираат страв и поткуп успешно се справуваат со болеста. Тие кои го надминале стравот веќе се на домашно лекување.

За другите, тие кои почнале да се пакуваат за третман надвор од државава барајќи нови методи на спас или пак почнале да ја планираат комеморацијата на нивната психологија, психијатрите едногласно дојдоа до заклучок дека истрајноста е клучниот сегмент во борба со болеста. Најдобар ефект лекувањето покажа токму кај тие кои подолг период се борат активно со болеста, за разлика од оние кои само пасивно си ги читаат лошите параметри.

Да ти кажат официјално неинституциите дека шансите за преживување Ви се 49/51, тоа е огромна надеж во медицината- особено кога станува збор за ваквов тип заболувања. „Трк“ по имуноглобулини за антителата и оддадете им почит на “лекарите” на Бихачка. Ќе не’ биде, бре!

„Шта је бре, мишеви“?! Зарем не знаевте дека имаме и дополнително автоимуно заболување Лупус, во кое многу наши клетки работеа против нас, да, токму од нашиот организам. Сепак, Заев на време се одлучи за кортикостероиди кои на почеток ни го намалија имунитетот.

Но добро е што паралелно ги третираше и различните напади на општеството. Научните, а не еуфоричните, прогнози велат дека сме при крај со лечењето. Што Ти правело пенкало? Туку, ако треба да Ви пресадат бубрег има ли разлика дали донаторот е од друга националност?!

И да, подобро е трпение отколку ремисија на болеста, па затоа оставаш два малигни плус…

Дејан Блажески

Поврзани вести

Крајот ти е право пред тебе, повели сам право во б... На крајот од секоја игра и пиунот и кралот завршуваат во иста кутија Како и на крајот на секој филм, а секој филм има крај, така и овој нашиов хоро...
Смирено, госпоѓо Рејтинг! Дали Билјана Василева Трендафилова, главната и одговорна уредничка на „ТВ Нова“ слушнала за А1 телевизија? Знае ли дека бремена жена беше во притв...
Народот го разболевте, сега и го умирате... Богатиот и во странство е како дома, а сиромашниот и дома е туѓ Златото рѓа не фаќа, ама затоа за него се фаќаат само рѓи Мислев дека после посл...
Не наседнувајте на манипулациите, прегрнувајте се!... „Омразата која ја имате кон некои луѓе, нека не ве натера да бидете неправедни!“ - Куран, 5. Поглавје – „Ел Маида“, 8. стих Годината 2001, уште бев...
Трчај Грујо трчај, упс Форест... Борбата сам против сите означува борба сам против себе Дали ние навистина сме во 21 век или ова е само една илизуја? Македонија повеќе наликува на ...
Ме насмеа Ѓорге, како Јешка од Параќин... Ете, тоа е... Господ да му даде здравје и живот на претседателот Иванов. Имам заборавено кога последен пат сум се насмеал. Мислам на убаво смеење, од ...