(ВИДЕО) Заев: Изборете се за својот живот, и шансата во недела и иднината се во ваши раце!

(ВИДЕО) Заев: Изборете се за својот живот, и шансата во недела и иднината се во ваши раце!

„Барам вечерва од вас поддршка за секоја моја подадена рака за годините наназад. За секој тротоар и квадратен метар поплочен, за секој квадратен метар асвалт, за сите нови водоводи, за сите нови канализации, за сите убавини во Струмица, тоа е мојата сила и мојот кредибилитет и мое право да ја барам вашата поддршка.

Струмица стои позади мене и благодарение на Струмица барам мандат од Стурмица и од цела Македонија!

Дозволете од моја Струмица и ваша Струмица да испратиме пораки до сите оние кои сеуште се плашат, молчат нешто да не изгубат, можеби се дел и од владеачките гарнитури.

Денеска веќе знаеме се. Се се знае, знаат и врапчињата дека уште 4 години режим нема. Но сега е моментот и отчукува саатот, уште 3 дена останаа.

Почитувани вработени во јавната администарција, вие задно со примателите на социјална помош, примателите на субвенции, треба да знаете вашите примања се загарантирани со закон, нив не ги дава ни Заев, ни Груевски, тоа се од вашиот пот и од вашиот труд и од даноците на оваа земја Р.Македонија кои ги плаќаат сите граѓани.

zaev-strumica-1

Немојте да молчите, немојте да спиете дома без да дадете придонес! Оваа Македонија не е само наша, ова е и ваша Македонија! Имате обврска затоа што сте родители на нечии деца, затоа што сте деца на некои родители, затоа што сте браќа и сестри на некои луѓе, оти сте чичковци, тетки, вујковци и вујни на некои граѓани на Македонија. Имате обврска оти оваа Македонија исто и ваша. Излезете и изборете се за живот, и за ваша слобода, и за ваша правда!

Испраќам вечерва порака и до сите возрасни луѓе, до бабите и дедовци.

Почитувани баби и децовци, се сеќавате ли кога се роди вашето прво внуче? Кога ја видовте првата насмевка? кога ви го стисна прстот? Зарем заборавивте оти плановите беа да ги гледате како се женат и мажат? Како деца основаат овде во Македонија? Да ги гледате околу вас? Ќе ве прашам отворено каде се сега вашите внуци? Може ли тоа да го промените, да бидат до вас? Може!

zaev-strumica-2

Пенкалото во раце на 11 декември да гласаме за живот за да ни се вратат децата и внуците овде во нашата Македонија.

Почитувани млади луѓе ќе ве прашам отворено со кренато чело и сакам одговор. Иднината и Македонија ви припаѓа вам. Имате две опции, едната е да ги фатите белото знаме и да се предадете и да продолжите по бродови и странски земји, и втората опција е да го зграпчите црвеното знаме и да се борите гордо, овде во вашата земја, во Република Македонија.

Ве повикувам рамо до рамо со мене да се борите за живот во нашата Македонија.

zaev-strumica-4

Во вашата Македонија. Во нашата заедничка Р. Македонија“, изјави Зоран Заев, претседател на СДСМ и носител на каднидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 4, на синоќешниот митинг одржан во Струмица.

Поврзани вести

Адаптирани спортски активности за децата со пречки... Денес Проектот на УСАИД и LCIF за деца со пречки во видот организираше адаптирани спортски активности со децата со оштетен вид во училиштето „Вудроу В...
ДУИ: Нема промена во одлуката да се создаде парлам... Демократската унија за интеграција попладнево соопшти дека нема промена во одлуката да се создаде новото парламентарно мнозинство кое ќе го избере Тал...
Утре не очекува сончево и топло време со температу... Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе се движи од два ...
Делови од Скопје во четврток без струја, без вода ... Без напојување со електрична енергија утре ќе останат дел од потрошувачите од општина Центар, Ѓорче Петров, Сарај и Петровец. Утре е најавен и прекин ...
Саем на кариера на Универзитетот на ЈИЕ... На универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово денеска по 12. пат се одржа годишниот Саем на кариера. Со саемот им се овозможува на студентите и ...
Министерот Амети на средба со граѓански здруженија... Министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети одржа консултативна средба со претставници на граѓанските здруженија и иницијативи за...