(ВИДЕО) Заев: Ајде да донесеме живот во Македонија, гласајте за бројот 4!

(ВИДЕО) Заев: Ајде да донесеме живот во Македонија, гласајте за бројот 4!

Ова вечерва е нешо многу повеќе од Скопје, ова е нешто поголемо од митинг, ова е Македонија, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев пред илјадниците присутни на митингот.

– Рацин вечерва во секој од нас вели: Силно светнал ден! Ние можеме, ние веруваме, имаме надеж, имаме визија, имаме план за живот во Македонија. И ќе има живот во нашата Македонија. За само седум дена ќе светне утрото кога ќе го почувствуваме животот. Ви го отворам срцето, слушнете го тој гласен шепот на благодарност кон сите вас и кон својата земја. ве тепаа, ве омаловажуваа. Вие сте вистински херои, нема херои без лузни. Другари, вредеше, вредеше, ја добивме најголемата битка за секој наш граѓанин – рече Заев.

Тој детално го претстави Планот за живот на Македонија пред присутните на митингот и рече дека клуч за земјата е стабилноста на земјата.

– Останувањето на власт на Груевски носи немир, нестабилност. Не се мирни неопределените граѓани, симпатизерите на СДСМ; па и вмровците. Доаѓа време кога никој нема да стравува за ништо. Барам од секој од вас да го препознаеме овој историски момент на прекршување, кога режимот пука, се раѓа живот – пкрача Заев.

Тој рече дека граѓаните го знаат одговорот – кој е подобар.

– Ова не е обична изборна кампања, Овие избори не се на ВМРО или на СДСМ, овие избори се за вас за вашите деца, внуци. Оваа „или-или“ не е обично, тоа значи пропаст ли живот.

– Почитувани млади, се работи за вашиот живот во Македонија, знам дека си ги сакате другарите, семејството, животот. Сакам да ја прифатите оваа моја рака, ја подавам кон секој од вас. Не е толку одамна за да не можам да се сетам со какви очекувања излегов од факултет, со каква трема влегов во бизнисот. Знам што му е потребно на младиот човек – ШАНСА. Но за да ја добиете, треба да изберете каква иднина сакате. разочарани, многумина ја напуштивте. Ви нудам шанса да останете тука, каде шо ќе добиете можност за неповратни 10.000 евра, за да почнете свој бизнис. Во ваши раце е и белото знаме со кое може да се предадете или црвеното, со кое ќе прогласите своја победа. Ве повикувам, заедно да донесеме живот во Македонија – рече Заев, специјално обраќајќи им се на младите.

Тој се обрати и кон старата популација.

– Какви планови иамвте за своето внуче, сигурно се сеќавате. Каде ви се сега внуците? Има ли нешто што може да ја дополни таа празнина. Има – пенкалото во вашите раце на 11 декември – им порача Заев.

Тој рече дека васта ќе се обиде да го купи гласот на граѓаните, да ги „труе“ со федерализација.

– Безидејниот Груевски нуди само лаги, за да се спаси од одговорноста што го чека. Тој и фамилијата се плашат за себе од промените. Но, за вас промените се живот. Вие на гласачкото место сте сами, сами носите одлука за својот живот. Во недела ајде да покажеме дека можеме, со верба, со надеж да гласаме за живот во Македонија. Тој глас ќе биде ветување што го даваме на нашите деца. Верувам дека заедно имаме огромна сила да успееме. Нашиот глас во недела ќе биде глас за Планот што носи живот – рече Заев.

Тој ги повика граѓаните да ги земат мобилните телефони в рака и им рече да испратат по една порака до пријател, за кого мислат дека има потреба од дополнително охрабрување:

– Пишете им дека треба да гласаат за живот во Македонија – повика лидерот на СДСМ.

Поврзани вести

Уште три земјотреси, вкупно единаесет во последнит... Вечерва беа регистрирани три нови земјотрески во охридскиот регион, со што бројката на потреси во овој регион во последните 24 часа достигна 11. Пр...
Метју Нимиц во Скопје од 1. до 4. јули... Специјалниот претставник на Обединетите Нации во разговорите меѓу Македонија и Грција за прашањето за името Метју Нимиц од 1 до 4 јули ќе го посети Ск...
Куманово го реализира проектот за енергетска ефика... Продолжува реализацијата на проектот на Хабитат и општина Куманово за енергетска ефикасност кој се спроведува во неколку згради од поширокото централ...
Доделени наградите од „Елколект“ за депониран елек... Во рамки на наградната игра „Да рециклираме и да се наградуваме“ која ја организираа лиценцираниот колективен постапувач, „Елколект“ и општина Куман...
Одбележани 96 години од смртта на Ѓорче Петров... Со положување цвеќе и со рецитал денеска во реонскиот парк во општина Ѓорче Петров беа одбележани 96 години од смртта на македонскиот револуционер Ѓор...
Питер Ванхојте на покана на ЗНМ во Скопје... Здружението на новинари на Македонија денеска соопшти дека на нивна покана во земјава престојува европскиот експерт Питер Ванхојте кој во рамки на раз...