Нико Розберг шокантно објави крај кариерата

Нико Розберг шокантно објави крај кариерата

Новиот шампион во формула 1 Нико Розберг реши да ја заврши кариерата, иако пред само пет дена ја освои титулата шампион во формула 1 за 2016 година. Повлекувањето на 31-годишниот возач претставува големо изненадување. Тој шампионската титула ја освои со само пет бодови повеќе од клупскиот колега од Мерцедес Луис Хамилтон.

– Низ 25-те години натпреварување, од мојата шеста година, тоа беше мојот сон, моја „работа“ да станам шампион во формула 1. Во неделата наутро пред трката во Абу Даби, знаев дека ова може да биде моја последна трка. Со многу труд, болки, жртви тоа беше мојата цел. Успеав, напиша во својата порака каде го објави своето повлекување, Розберг.

Одлуката за повелекување Розберг ја донесе во понеделникот навечер.

Тој во својата кариера имаше 206 старта на трките во формула 1, а победи оствари на 23 и притоа имаше и 57 подиуми. Своето деби Нико го имаше во 2006 година на трката за Големата награда на Бахреин, а првата победа ја постигна шест години подоцна на трка за ГН на Кина. Последната победа му беше на патеката Сузука за ГН на Јапонија во октомври годинава.

Розберг покрај за Мерцедес возеше во формула 1 и за тимот на Вилијамс.

Поврзани вести

Хамилтон најбрз на трката во Канада... Британецот Луис Хамилтон е победник на трката за ГН на Канада во шампионатот од Формула 1 што се возеше синоќа во Монтреал. За возачот на Мерцедес ова...
Втора победа во низа за Довициозо... Андреа Довициозо е победник на трката за Големата награда на Каталуња во Мото ГП шампионатот. Довициозо кој минатиот викенд беше најдобар во Муџел...
Хамилтон стартува од пол-позиција на канадското Гр... Луис Хамилтон ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Канада. Возачот на Мерцедес ја освои 65-та пол позиција во кариерата...
Хамилтон: Ферари има најдобар болид... Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон имаше проблеми со болидот на последната трка за ГН на Монако што се одржа викендот и го освои шестото место, а имаш...
Стефановски на прием во Агенцијата за млади и спор... Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески организираше прием за најдобриот автомобилист во Македонија, победникот на една од трките од...
Иџе атакува на првото место во Генералниот пласман... Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе по историската победа во Нирбургринг на трката од ФИА ЕТЦЦ најави атак на шампионскиот трофеј ...