Нико Розберг нов шампион во Формула 1

Нико Розберг нов шампион во Формула 1

Германецот Нико Розберг е новиот шампион во Формула 1. Тој е вкупно 33.ти првак во овој спорт. Розберг (возач на Мерцедес) на последната трка што се возеше на патеката „Јас Марина“ го издржа притисокот од страна на Луис Хамилтон и го освои второто место што му беше доволно за да ја освои титулата.

Нико Розберг постигна девет победи во 2016 година.

На последната трка победи Луис Хамилтон (Мерцедес), пред Розберг, додека на третото место заврши возачот на Ферари Себастијан Фетел.

Во последните кругови Хамилтон ја „забавуваше“ трка со цел конкурентите на Розберг за второто место да го минат, но Розберг успеа да го задржи второто место кое го имаше од стартот на трката.

Нико Розберг стана трет Германец со титулата светски првак, по Михаел Шумахер и Себастијан Фетел. Шампионска титула има освоено и неговиот татко Кеке, но како Финец. Две титули има и семејството Хил, Британците Греем и Дејмон.

Генерален пласман: Нико Розберг 385 бодови, Луис Хамилтон 380, Даниел Рикардо 256, Себастијан Фетел 212, Макс Верстапен 204,..
Пласман на конструктори: Мерцедес 765, Ред Бул 468, Ферари 398,…

Следната сезона во Ф1 шампионатот ќе почне на 26.март со трката во Мелбурн за Големата награда на Австралија.

Поврзани вести

Ферари и Мекларен ги претставија нивните болиди со... Тимовите на Ферари и Мекларен денеска ги претставија своите болиди со кои што се надеваат дека ќе се спротивстават на доминатниот Мерцес во новата сез...
(ВИДЕО) Светскиот шампион Мерцедес го претстави но... Актуелниот светски шампион, тимот на Мерцедес денеска го презентираше својот нов болид за престојната сезона во Формула 1 на патеката Силверсотун. ...
Форс Индија го презентираше болидот за новата сезо... Форс Индија денеска го презентираше својот болид со кој што ќе се натпреварува во престојната Формула 1 сезона. Во Силверстоун Форс Индија го през...
ВИДЕО: Тимот на Рено го претстави болидот за новат... Тимот на Рено го претстави својот нов RS17 болид за престојната сезона во Формула 1, со кој што се надева дека ќе се приклучи во борбата за погорните ...
Поранешниот технички директор на Ферари се сели во... Познатиот Ф1 инженер Џејмс Алисон кој што минатата година го раскина договорот со Ферари, од оваа сезона е нов технички директор на Мерцедес, соопштув...
„Либерти медија“ му се заблагодари за соработката ... Компанија „Либерти медија“ му се заблагодари за соработката на досегашниот шеф на Формула 1 Берни Еклстоун. Американците по преземањето на сопствен...