Хамилтон најбрз на трката за Големата награда на Бразил

Хамилтон најбрз на трката за Големата награда на Бразил

Британецот Луис Хамилтон остана во игра за титулата Светски шампион, откако вечерва победи на патеката „Интерлагос“ на трката во Формула 1 за големата награда на Бразил.

Гран-прито во Бразил помина во сенка на дождот кој им донесе многу проблеми на возачите, а имаше и прекин во два наврати. За комплетен триумф на тимот на Мерцедес се погрижи Нико Розберг кој го освои второто место, додека трет беше Макс Верстапен од Ред Бул.

За Хамилтон ова беше деветта победа оваа сезона, исто толку има и Розберг кој со 12 поени предност ќе влезе во последната трка од шампионатот која ќе се вози во Абу Даби и која ќе го одлучи новиот шампион.

Поврзани вести

Петерхансел победник на Дакар 2017... Стефан Петерхансел 13. пат победи на престижното рели Дакар. Французинот досега шест пати триумфирал во категорија на мотоцикли, а денес славеше седми...
Карлос Сајнц се повлече од Дакар... Карлос Сајнц принудно се повлече од Релито Дакар 2017 после вчерашниот голем инцидент. Победникот од Дакар 2010 и двократен светски рели шампион, и...
Деспре нов лидер кај автомобилистите... Четвртата етапа на релито Дакар донесе смена на врвот кај автомобилистите и откажување на двајца од фаворитите. Бранителот на титулата во конк...
Рели Дакар: Доминација на Пежо... Трикратната победа на возачите на Пежо кај автомобилистите ја обележаа третата етапа на релито Дакар. Возачите на Пежо, кај автомобилистите, д...
Почна „Дакар рели 2017“ Триесет и деветтото „Дакар рели“ беше отворено со првата етапа возена во текот на вчерашниот ден од Асуснсион (Парагвај) до Ресистенца (Аргентина) дол...
Нико Розберг шокантно објави крај кариерата... Новиот шампион во формула 1 Нико Розберг реши да ја заврши кариерата, иако пред само пет дена ја освои титулата шампион во формула 1 за 2016 година. П...