Во Прилеп одбележан Меѓународниот ден на тутунот

Во Прилеп одбележан Меѓународниот ден на тутунот

Сојузот на тутунските здруженија на Македонија во соработка со општина Прилеп денеска, по четврти пат, го одбележа Меѓународниот ден на одгледувачите на тутун.

На плоштадот „Александрија“ во центарот на градот претставници на тутунарите и на тутунските здруженија ги претставија аспектите на тутунопроизводството во Македонија.

Според Данчо Милески, претседател на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија, оваа манифестација е четврта по ред, откако Сојузот стана членка на европската Интернационална асоцијација на Сојузи на тутунските здруженија со седиште во Лисабон, Португалија,

– Го одбележуваме овој ден да кажеме дека остануваме верни на одгледувањето на тутунот, што е кај нас долга традиција, а оваа култура е стратегиска за Македонија. Упатуваме порака до Владата да не поддржува и понатаму, изјави Милески.

На прагот на откупот на годинашнава култура Сојузот не очекува проблеми.

– Не очекуваме проблеми. Иако помала имаме многу квалитетна реколта и очекуваме да постигнеме добра цена. Во моментов тутунот е егзистенција за 150.000 македонски жители или за околу 28 до 30.000 тутунарски семејства. Откупувачите пријавија 25,5 илјади тони тутун, но реколтата реално е 19.000 до 20.000 тони. Очекуваме да постигнеме повисока просечна откупна цена од ланската од 182 денари за килограм, вели Милески.

Прилепскиот градоначалник Марјан Ристески нагласува дека тутунот во прилепскиот регион значајно учествува во локалната економија.

– Тутунот е дел од локалната економија, егзистенција за многу прилепски семејства и се надеваме дека тутунарите годинава ќе постигнат добра откупна цена, изјави Ристески.

Според Гордана Мицеска, директор на Институтот за тутун, оваа стратегиска култура во приходот на Македонија учествува со речиси 20 проценти и останува како стабилна индустриска гранка.

– Ориенталскиот тутун што се одгледува е баран на пазарот и учествува со 5 до 6 проценти во цигарите и затоа тутунопроизводството има иднина во земјава, рече Мицеска.

Тутунарите од речиси сите краишта на Македонија пред прилепчани го претставија своето производство и очекувањата за добра цена.

– Имавме многу квалитетна реколта и сега очекуваме како откупувачите ќе го ценат тутунот. Очекуваме да постигнеме повисока откупна цена, вели Ристо Тодоров од Радовиш.

Поврзани вести

Турци купуваат имоти во Атина... Катимерини - Атина Договоривме средба со Ела Ајдоган и Џунеит Ѓузак на плоштадот Колонаки во Атина. Турското семејство тукушто купиле стан на атинс...
Стапуваат во сила санкциите против филијали на рус... Украинската централна банка соопшти дека санкциите против филијали на руски банки во Украина ќе стапат во сила од денеска. Тие ќе вклучуваат забран...
Трибина за плаќање на ДДВ на физичките лица кои из... Трибина за регистрирањето за плаќање на ДДВ на физичките лица кои извршуваат стопанска дејност ќе се одржи денеска во организација на Центарот за дано...
Се отвора Македонскиот изложбено-трговски дом во М... Конзервирано и сушено овошје, зеленчук, млечни и месни производи, тестенини, чаеви, вино и други жестоки пијалаци, се дел од првата пратка со која ден...
Грција очекува договорот со кредиторите да биде по... Грција се надева дека ќе склучи договор со меѓународните кредитори до крајот на април и работи на надминување на несогласувањата за трудовара, пензиск...
Германија ќе понуди повеќе пари за буџетот на ЕУ... Министерот за надворешни работи на Германија Зигмар Габриел најави дека неговата земја би можела да понуди повеќе пари за заедничкиот буџет на Европск...