Беса го избра Исуф Ќамили за „Најуспешен пратеник“

Од:

Ќамили има големи заслуги за парламентарната историја на Македонија, велат од Беса.

Форумот на младите на Движењето Беса денеска го прогласи „Најуспешниот пратеник“ на овој парламентарен состав – Исуф Ќамили.

– Вие сигурно памтите дека фигурата на Исуф Ќамили некогаш беше метафора која беше користена од еден партиски претседател за политичарите кои ги менуваат ставовите почесто отколку чорапите, но подоцна се дозна дека Исуф Ќамили бил вистинска личност, дури пратеник на ова Собрание. Всушност, Исуф Ќамили има големи заслуги за парламентарната историја на Македонија не само затоа што бил најактивниот пратеник, присуствувајќи во сите пленарни седници и комисиски состаноци, туку тој ќе се памти и како најупорниот пратеник во неговата парламентарна група. Секогаш кога неговите колеги гласале за распуштање на Парламентот, Исуф Ќамили беше тој што го правеше невозможното со цел Собранието пак да се „собере“. Дури и кога сам ветуваше со заклетви до небо дека „изборите ќе се одржат на 24-ти април“ и потоа „изборите ќе се одржат на 5 јуни“, но како што всушност му доликува само на Исуф Ќамили, тој пак ги прекршуваше своите ветувања и пак се враќаше во ова Собрание – велат од Беса.

Поради, како што велат оттаму, големите заслуги во градење на парламентарната демократија во Македонија, во знак на благодарност за дадениот придонес во повеќекратните собирања на Парламентот на Република Македонија, денеска Форумот на младите на Движењето БЕСА одлучи да го одликува со благодарницата „Најуспешен пратеник“ Исуф Ќамили.

– Почитувајќи го официјалниот јазик на Република Македонија, за која и „Најуспешниот пратеник“ има дадено голем придонес, благодарницата сме ја подготвиле на официјалниот јазик и така ќе ја читаме пред вас. Вака се станува славен во Македонија – доволно е да си „Hyn e dil – Isuf Qamil“ или на македонски и со рима „Влези излези, Исуф Ќамили Елези!“ – велат од Беса.

Би можело да ве интересира

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски

Движење БЕСА: Криминалците на ДУИ се заменуваат со криминалци на Ахмети

Горан Наумовски

БЕСА: ДУИ да не ја штити платата на Беким Незири од 3000 евра, туку и да го исклучи од партијата