(ВИДЕО) Заев: Има докази дека кумановските настани ги организирала врхушката на власта

(ВИДЕО) Заев: Има докази дека кумановските настани ги организирала врхушката на власта

Зоран Заев, лидерот на СДСМ, вечерва на средба со граѓаните на Капиштец, на која присуствуваа и градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски и советниците, кажа дека има докази дека Кумановските настани ги организирала врхушката на власта, а бесрамно, веќе утредента им исплатила 2 милиони и 600 илјади евра на медиумите да ја лажат јавноста.

Сега е време, рече, да преземеме чекори и да си ја спасиме државата.

Слободната волја на избори е императив и светост.

„Клиентелизмот на Груевски ги прави ВМРО-вци да не признаат, тие не се виновни. Тие не краделе, врхушката на власта крадела. И тие ќе се прекршат, огромен процент од нив. Затоа во Изборниот законик е предвидено, тој што купува гласови и уценува да одговара со казна затвор од 3 до 5 години. Затоа и го баравме Министерството за внатрешни работи за да има директна реакција. Тој што ќе го фатат како краде гласови и заплашува,поткупува гласачи, веднаш има наредба Оливер Спасовски да апси и приведува. Сами ќе гласаат граѓаните. Имаме докази. До некни Бранко беше крив, сега Заев е крив“, рече лидерот на СДСМ.

Поврзани вести

(ВИДЕО) Каранфилова Пановска: По секои избори ВМРО... Владата издвојувала многу повеќе пари за граѓанскиот сектор отколку Фондацијата на Сорос (ФООМ) во Македонија. Фондацијата Отворено Општество Македо...
ДУИ контра ВМРО-ДПМНЕ за “десороизацијата“ и напад... ДУИ не се согласува со ставот на ВМРО-ДПМНЕ околу процесот на „десоросоизацијата”, процес кој го измисли и најави Никола Груевски против сите невладин...
ЗНМ: Осуда на вербалното насилство на власта проти... Здружението на новинарите на Македонија го осудува напливот на координирано вербално насилство на власта против новинари, кои се насочени против слобо...
Центар: Непознатиот советник на ВМРО-ДПМНЕ да не ј... ВМРО-ДПМНЕ преку лаги се обидува да ги изманипулира граѓаните на Центар, а опседнатоста со Жерновски добива веќе медицински размери. Добро е што ко...
Тодоров како и Груевски е минато, за здрвјето на г... Нова одговорна Влада на граѓаните на Македонија ќе го крене уништеното јавно здравство и со совесни мерки и политики ќе го штити здравјето на граѓанит...
Ристевски: Жерновски е неспособен да се справи со ... Состојбите со улиците во Центар стануваат загрижувачки, после секој паднат снег. Сите се загрижени, освен мрзливиот градоначалник Андреј Жерновски, ре...