570 деца од Центар станаа првачиња во 7-те основни општински училишта.

Од:

Денеска е првиот училишен ден за 570 деца од Центар кои станаа првачиња во 7-те основни општински училишта.
Посакувајќи им успешна прва училишна година, градоначалникот Андреј Жерновски рече дека влегуваат во период кој ќе го паметат цел живот.

“Општина Центар и оваа година го продолжува проектот со кој на родителите им помсга во растеретување на домашниот буџет. Наместо тие, општината ќе ги плати средствата за обезбедувањето, за хигиенски средства и за еднодневна
екскурзија. Со ова полесно и заедно ќе ги пребродиме овие времиња”, рече Жерновски.

На првачињата им подели и училишен прибор-подарок од општината.

Пред почетокот на учебната година, изедени се поголем број на активности- сменети се прозорците во СОУ “Димитар Миладинов”, реконструирани се покривот и аулата во ООУ “Јохан Хајнрих Песталоци”, оградата во “Коле Неделковски”, влезот и плочките во “Кирил и Методи”. Направена е комплетна санација на оштетувањата од поплавата во ООУ ” Кочо Рацин”, а следува и санирање на канализационата мрежа во ООУ” 11 Октомври”.

Бројот на првачиња во Центар во споредба со бројот од пред три години е зголемен за 75 деца.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

Ѓорчев: Нема првачиња, празни училишта

Во прилепските училишта 130-ина помалку првачиња, состојбата ќе предизвика општествени промени

Во Велес и Велешко секоја учебна година сè помалку првачиња

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски