Изложба „Израел низ илустрациите во детските книги 1947-2014“ на Бит Фест

Од:

Изложбата „Израел низ илустрациите во детските книги 1947-2014“, селектирана од Лора Гросман, угледна израелска публицистка, вечерва ќе биде отворена во Битола во рамки на Бит Фест.

Од Бит Фест посочуваат дека присуството на израелската култура годинава на битолскиот фестивал е резултат на добрата соработка на амбасадорот на Израел во Македонија и директор за Балканот Дан Оријан и градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески.

Според организаторите, Битола, како град во кој некогаш живеела силна еврејска заедница, е од особена важност за Израелците, а домаќините, покрај културната соработка, размислуваат за воспоставување и развивање на сериозни стопански релации.

Двете децении дипломатски односи Македонија – Израел, во Битола беа одбележани со поставување спомен плоча на столбовите од некогашната синагога „Кахал Португал“. Вчера, израелскиот амбасадор Оријан, присуствуваше на финалето на „Балканската колонија на ракотворци“, а денеска тој треба да има и официјална средба со битолскиот градоначалник Талески.

Инаку, како што соопштуваат организаторите на Бит Фест, изложбата „Израел низ илустрациите во детските книги 1947-2014“ е дел од презентацијата на културата на Израел пред битолската публика која досега имаше можност да ја проследи израелската претстава „Нашиот клас“, детска израелска претстава во рамките на ИДТФ „Битолино“, а израелскиот уметник Руслан Сергеев, пак, во рамките на третата „Балканска колонија на ракотворци“ одржа петдневен мастерклас со студентите со шест дипломци и студенти на ДЛУ при УКИМ.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска