Кнедли со овошен фил

Кнедли со овошен фил

Неодоливи слатки кнедли полнети со сливи и прелиени со овошен сос …

Потребно е:
за кнедлите:
1 кг
 компири
малку сол
80 гр путер
1 јајце
250 гр меко брашно (тип 550)
30 гр нишесте

за филот:
20
 зрели сливи
40 гр шеќер
1 ванилин шеќер

50 мл масло
50 гр лебни трошки
1 ванилин шеќер

за овошниот сос:
100 гр
 јагоди
250 гр рибизли
100 гр шеќер
1 ванилин шеќер

Подготовка:
– Компирите излупете ги, исечете ги на коцки и ставете ги да се варат. Сварените компири убаво исцедете ги. Додадете им ги путерот и солта и испасирајте ги во пире. Пирето оставете го да се излади.

– Во изладеното пире додадете едно јајце и убаво измешајте. Потоа додадете го брашното со нишестето во него и почнете да го месите тестото додека не престане да биде лепливо. По потреба додадете уште брашно.

– Тестото разделете го на 20 еднакви делови и обликувајте ги како топчиња.

– Сливите исчистете ги од семките и во секоја ставете по едно лажиче шеќер помешан со ванилиниот шеќер. Секоја слива втиснете ја во внатрешноста на секое тесто и направете кнедли.

– Кнедлите ставете ги да се варат во вода што врие. Варете ги додека не испливаат на површината и уште 2 минути (вкупно околу 10 минути).

– На загреано масло во тава малку пропржете ги лебните трошки.

– Сега подгответе го овошниот сос. Јагодите и рибизлите измијте ги убаво, ставете ги во еден сад и додадете ги шеќерот и ванилиниот шеќер. Ставете ги на рингла на тивко да се динстаат. Кога ќе почнат да вријат варете ги уште 10-15 минути со повремено мешање додека овошјете не се распадне сосема. По потреба додадете уште неколку лажици вода.

– Овошниот сос пропасирајте го низ густа цедалка и оставете го да се излади.

– Кнедлите исцедете ги, увалкајте ги во лебните трошки и посипете со ванилин шеќер. Послужете ги со овошниот сируп.

Поврзани вести

Тиквички – вкусни, здрави и корисни... Тиквичките се вкусни, а содржат и многу корисни и здрави состојки. Вистинска ризница се на манган, магнезиум, калиум, како и ретки минерали на фос...
Виенски гулаш со кнедли Највкусниот и најароматичен гулаш! Потребно е: 800 гр говетско месо за гулаш (од врат, грб, може и мешано) 3 главици кромид 3-4 лажици блага мел...
Полнети јајца Убава идеја за денешното предјадење ... Потребно е: 2 јајца 100 гр шунка 200 гр свежо кравјо сирење кисела павлака сол Подготовка: - Во е...
Брза чорба од домати Брзо се подготвува,а е неверојатно вкусна ... Потребно е: 1/2 л варен сок од домати 3 полни лажици пире од домати 1 л врела вода 1 лажица м...
Свеж бакалар во сос од лук Обавезно пробајте риба подготвена на овој начин, вкусот е феноменален ... Потребно е: 4 х 200 гр свеж бакалар 65 гр омекнат путер 1 1/2 лажица с...
Колачиња со мусли и банани Здрави и вкусни колачиња ... Потребно е: 3 помали банани 2 лажици семки од тиква 1 лажица сусам 1 лажица семки од лен 1 рамно лажиче цимет п...