МВР: 27 приведени, неколку полицајци повредени

МВР: 27 приведени, неколку полицајци повредени

Вкупно 27 лица се приведени во вечерашните протести во скопската општина Ѓорче Петров организирани по убиството на 18-годишниот Ангел Петковски.

Од нив, 16 се приведени во полициската станица во Кисела Вода, а 11 во полициската станица во Карпош и по документирањето на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Полицијата вечерва потврди дека протестите поминале без посериозни инциденти и поголеми нарушувања на јавниот ред и мир.

– Досега нема пријавено повредени лица згрижени во ниту една болница, ниту пак имаме добиено некакви пријави за настаната поголема материјална штета, изјави портпаролот Иво Котевски.

Тој информира дека за време на протестите во неколку наврати биле фрлани камења и метални предмети кон полицијата и оти досега имаат сознанија за неколку повредени полицајци и за неколку оштетени полициски возила, но како што рече, поточни информации ќе имаат откако полициските службеници ќе се вратат од терен.

– Во моментот привршуваат протестите така што полицијата сеуште е распоредена. Очекуваме по целосното завршување на протестите и повлекувањето на лицата кои протестираа, да се повлече и полицијата, рече Котевски.

Од полицијата апелираат до граѓаните да не подлегнуваат на никакви провокации и да не дозволат да бидат вовлечени во поголеми инциденти.

– Апелираме и медиумите да работат строго професионално и да не објавуваат непроверени и неточни информации кои можат да нанесат непроценлива штета со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме, рече Котевски.

Протестите започнаа по 17 часот кога поголеми групи организирани преку социјалните мрежи започнаа да се собираат во општината Ѓорче Петров. Според полицијата, станува збор за претежно млади лица од 15 до 18 години, членови на различни навивачки групи. Дел од лицата носеле фантомки на главите, безбол палки и стапови.

Поврзани вести

Мигрант физички нападнат и ограбен од тројца Пакис... Дваесет и тригодишен Пакистанец, кој на 19 јули пристигнал во селото Ваксинце, бил физички нападнат и ограбен од страна на тројца Пакистанци. Полиц...
Претепан скопјанец додека седел на клупа пред згра... Ноќеска околу 1 часот по полноќ С.Р. (58) бил претепан од шест непознати машки лица додека седел на клупа пред зграда на улицата „Боро Менков“ во Скоп...
Џаферовиќ: Ќе се интензивира парламетарната сорабо... Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев се сретна со претседавачот на Претставничкиот дом при Парламентарното собрание на БиХ, Ше...
(ВИДЕО) Средба Заев – Звиздиќ: Македонија и ... Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од владина делегација во состав Оливер Спасовски, министер за внатрешни рабо...
ВМРО-ДПМНЕ: Надлежните да понесат одговорност за н... ВМРО-ДПМНЕ денеска оцени дека се додека истрагата за сквернавањето на православните гробишта во Љуботен стои во место, безбедноста на граѓаните е загр...
ВМРО-ДПМНЕ: СЈО е обична политичка алатка со огран... „СЈО е политичко обвинителство, под контрола на СДС. Сите отворени случаи од страна на СЈО како Таргет, Тврдина, Триста, Титаник, Траекторија, Тен...