Работилница за јонизирачко третирање на храната

Работилница за јонизирачко третирање на храната

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) денеска организира работилница на тема „Технологии за третирање на храната со јонизирачко зрачење“.

Работилницата се одржува во рамки на проектот МАК5007 – „Проценка и можности за имплементација на технологии за третирање на храната со јонизирачко зрачење во Република Македонија”, финансиран од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) од Виена, Австрија.

Предавање на тема „Технологии за зрачење, нивна комерцијална примена и третирање на храната со јонизирачко зрачење“ ќе одржи Ивес Хенон, експерт кој преку 20 години работи во МААЕ.

Област му е стерилизација на медицински материјали. На јонизирачко зрачење е ангажиран од 1980 година, во Лабораторијата за третирање храна  при Француската комисија за атомска енергија, додека од 1987 работи за повеќе индустриски гиганти на изградба и раководење големи повеќенаменски постројки за јонизирачкото зрачење и медицинска стерилизација во Европа и Азија. Од 2006 Хенон како консултант е вклучен и во повеќе проекти од оваа област.

Поврзани вести

Реакција од Општина Кисела Вода... „Почитувани, во врска со вашиот текст под наслов “Мирен протест на жителите од „11 Октомври“ на булеварот „Борис Трајковски“, во насока на целосното, ...
Тимоние: Што побрзо да се најде решение за политич... Францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние денеска во Битола изјави дека очекува што поскоро да се реши политичката ситуација во која се н...
Димовски: Во Туфегџиќ го препознавам гласот на Сор... - Во Ивана Туфегџиќ не го препознавам гласот на иселените, нивните родители или сиромашните, туку гласот на Сорос, рече Илија Димовски во реплика на Т...
Без струја утре делови од Кисела Вода и Зелениково... Без електрична енергија утре од 06:30 до 10:00 часот ќе останат дел од корисниците од населба Драчево, делот кај ТИПО, делот кон село Долно Лисиче, се...
Здравствен дом Куманово ќе добие донација санитетс... Санитетско возило за кумановската Итна помош ќе донира Амбасадата на Словачка во Македонија, соопштија на денешната прес-конференција директорот на Зд...
СДСМ: Груевски е изолиран политичар, ниту едно лоб... „Пораките во Резолуцијата усвоена од Европската народна партија се уште еден доказ дека Груевски е изолиран политичар која ја изгуби довербата од сите...