МВР: Известувањето на новинарот Валмир Кучи од ТВ АЛСАТ е крајно непрофесионално

Од:

Помошник на министерот за внатрешни работи Иво Котевски испрати писмо до Советот на честа на Здружението на новинари на Македонија:

Министерството за внатрешни работи цени дека известувањто на Телевизија АЛСАТ и новинарот Валмир Кучи од 19.11.2013 година е крајно непрофесионално, неточно и постои ризик истото да предизвика ширење на меѓуетничка нетрпеливост.

Во прилогот насловен „МВР расчисти два од трите инциденти во автобусите на ЈСП“ новинарот на крајот констатира „идентификувањето и апсењето само малолетни Албанци уште повеќе ги подгрева гласините за селективно и етничко работење на МВР“ . Ваквата констатција е крајно неоснована и паушална. Со неа се предизвикува штета на угледот на Министерството, а се нарушува и довербата која макотрпно е градена меѓу граѓаните од сите етнички групи.

Министерството осомничените сторители на кривични или прекршочни дела никогаш не ги делело по етничка основа, како што не ги делело по етничка основа ниту граѓаните кои биле жртви и оштетени. Секогаш сме постапувале и ќе постапуваме крајно неселективно, а единствената поделба која што ја правиме дали некој ги почитува законите или постапува спротивно на нив.

Во ниеден момент Министерството за внатрешни работи не ја соопшти етничката припадност на жртвите, односно оштетените во минатонеделните инциденти. Исто така, внимававме и при соопштението кое што го испративме до медиумите откако беа расчистени два од трите насилнички напади во автобуси на ЈСП, односно откако беа идентификувани сторителите. Сето тоа докажува дека за нас е ирелевантно етничката припадност и дека секој кој постапува спротивно на законот без разлика на која етничка група и припаѓа ќе биде изведен пред лицето на правдата.

Тезите кои ги промовира новинарот Валмир Кучи и Телевизија АЛСАТ се исклучително сериозни и опасни помеѓу етничкиот соживот и го зголемуваат ризикот од натамошни поделби и инциденти.

Затоа, МВР бара Вашата асоцијација да го осуди ваквиот непрофесионален пристап во работењето.

соопштението објавено на интернет страната на Министерството

Би можело да ве интересира

МВР: Се истепале вработени во здравствена установа во Скопје

Уште се чека за пасош со месеци, постапката забрзана ама само за оние што имаат да платат 100 евра

МВР: Скопјанка нападнала новинар, но и полициски службеник

Тошковски: Управниот суд донесе пресуди со кои поништи три незаконски одлуки на Владата

Орце Костов

Убиениот лекар бил матичен од Железара – се прегледува видеонадзорот за да се најде убиецот

Анита Петровска Рајковиќ

Приведена тетовка барана со потерница