Работилница за развој на локалната економија преку производство на биогорива

Работилница за развој на локалната економија преку производство на биогорива

Национална работилница за унапредување и развој на локалната економија преку производство на биогорива и рурални иновации во рамки на ЕУ проектот „Унапредување на соработката во Југоисточна Европа со помош на активности за зајакнување на Регионалниот совет за соработка (РЦЦ)“ ќе се одржи денеска во Скопје.

Организатори се Централно европската иницијатива (Central European Initiative), Регионалниот Совет за соработка (Regonal Cooperation Council) и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), а ќе се дискутира за идентификација на потенцијалните или тековните проекти за производство на нова генерација биогорива во Република Македонија и регионот.

На работилницата ќе говорат проф. д-р Христина Спасевска, национален експерт на Регионалната иницијатива за енергетски одржлив развој, Мирослав Кукобат експерт за енергетика и инфраструктура во Регионалниот Совет за соработка и Мирослав Спасојевиќ консултант.

Основната цел на проектот, финансиран од регионалниот предпристапен фонд – ИПА 2010, е да се придонесе кон регионална кохезија во Југоисточна Европа, како и во процесот на приклучување на државите од западен Балкан во Европската Унија.

Поврзани вести

Москва има начин да ја држи и цела Европа во дланк... Политико - Арлингтон Руското подривање на САД го надминува влијанието на изборите и гласачките кутии на повеќе начини. Од анексијата на Крим и Укра...
За градежни материјали и гориво лани потрошени 12,... Деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност минатата година потрошиле градежни материјали и енергија во вредност од 12.925.251.000 денари...
Самит на ЕУ: Економијата оди на подобро... Шефовите на држави или влади од Европската унија на денешниот состанок во Брисел заклучија дека мора да се прекине мигрантскиот бран во Европа. Тие...
Дијалог за минимална плата – предложено мини... Министерот за финансии Драган Тевдовски, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, заменик министерката за финансии Ширет Елези и еконо...
Земјоделците бараат прогласување елементарна непог... Да се прогласи елементарна непогода за житните култури на територија на целата држава поради сушата која предизвика намалени приноси на јачменот за 70...
Почна дијалогот за зголемување на минималната плат... Околу проектираната минимална плата од 12.000 денари што беше и предизборно ветување, не треба да постои дилема, за тоа ќе има пари во ребалансот на Б...