Валдес пред трансфер во Монако

Од:

Актуелниот голман на Барселона Виктор Валдес, следното лето ќе се пресели во Монако или Арсенал.

На крајот на актуелната сезона истекува договорот на Валдес со Барселона за која брани од почетокот на професионалната кариера. Каталонскиот гигант му нуди продолжување на соработката, но Владес не сака да остане во Барселона, тој изјави дека сака да заигра во друга лига.

Сандеј Тајмс тврди дека Арсенал веќе контактирал со Владес, но лондонскиот клуб ќе има силна конкуренција во Монако, клуб кој на шпанецот би можел да му понуди финансиски подобар договор.

Дека Монако ќе има предност во оваа трка зборува и фактот дека самиот Владес изјави дека Монако силно го приовлекува.

“Француската лига многу ме привлекува. Монако или некој друг клув во Франција, таму би сакал да продолжам, но мојата иднина е во рацете на моите агенти, сепак морам да потенцирам дека Монако е добра опција” – заврши Валдес.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ