Цреша за здрави зглобови и витка става

Цреша за здрави зглобови и витка става

За кратко време ќе започне сезоната на црешите. А црешата на секој од нас добро му е позната и како плод.

Експертите тврдат дека нивното користење со годините енормно се намалува, луѓето како да ја губат еуфоријата за јадење на овој вкусен плод. Денес прочитајте зошто овој тренд не треба да продолжи во иднина.

Списокот на корисни материи што ги содржи црешата е навистина долг. Црешата содржи навистина големи количини на витамин Ц, фолна киселина и железо, но интересен е и фактот што содржи многу растителни бои, односно антоцијаниди. Црешите што имаат потемна боја содржат многу поголеми количини на антоцијаниди, па поради тоа се и поздрави.

Црешата според истражувањето го намалува количеството на мочна киселина и ги смируваат воспаленијата, затоа црешата е идеален избор кај луѓето кои патат од реума, и други болести кои ги напаѓаат коските.

Добрата вест особено за дамите е дека антоцијанидите кои ги има во црешата имаат одличен козметички ефект. Го затегнуваат сврзното ткиво и спречуваат настанување на бори.

Антоцијанидите во црешата ги уништуваат штетните ензими кои се создаваат во кожата со тоа го спречуваат настанувањето на целулит, а и штитат од карцином.

Со помош на овошните шеќери кои ги има многу во црешата се потикнува работата на цревата и гастро – интестиналниот тракт.

Црешната е делотворна за исфрлање на вишокот вода од организамот па затоа придонесува за растеретување на срцето, крвните садови и го намалува крвниот притисок. Стоматолозите го препорачуваат конзумирањето на црешите бидејќи според истражувањата ги намалува воспаленијата на гингивите и спречува настанување на забни наслаги.

Извор: Доктори.мк

Поврзани вести

Три видови намирници што помагаат во борбата проти... Постојат намирници што може да ги користиме во исхраната, а при тоа да бидат превенција за грипот. Тоа најпрво се лукот и кромидот што содржат моќ...
Истражување во Белгија покажа дека 14% од вработен... Четиринаесет проценти од вработените во Белгија пијат повеќе од десет алкохолни пијалоци неделно и во принцип пијат премногу, покажа студијата на „Сек...
На жените им е постудено од мажите... Истражувањето на Медицинската школа на Универзитетот на Мериленд открива дека температурата на телото на жената е повисока отколку на мажот. Поради...
Препорачана количина на витамин Ц што треба да ја ... Препорачаната дневна доза на витамин Ц изнесува 75 до 90 милиграми за возрасни лица. Меѓутоа научниците сметаат дека таа количина не е доволна и де...
Темните кругови околу очите можат да укажуваат на ... Кожата околу очите е многу тенка и поради тоа во случај на воспалени често се појавуваат темни кругови околу нив. Но, освен што често се последица ...
Колку често треба да ги миеме забите?... Денталната хигиена е најдобра превенција против кариес и други болести на забите, а здравите навики најдобро се усвојуваат од најраните години. Де...