Бучковски: Нова партија ќе го засени мајскиот конгрес на СДСМ

Бучковски: Нова партија ќе го засени мајскиот конгрес на СДСМ

Владо Бучковски, поранешен премиер и лидер на СДСМ во интервју за Дојче веле најавува дека во Македонија во мај треба да биде формирана нова партија, која ја бара поддршката на меѓународната заедница.

– Во овој момент моето учество во новата партија е ставено во „лер” се’ до конгресот на СДСМ во мај. Моето име досега често се злоупотребуваше во контексти на разни партии и на политички заднини. Но, во овој момент не сакам мојот ангажман да го ставам во функција на нова партија, бидејќи се’ уште сум оптимист дека работите во СДСМ ќе се сменат на подобро и дека партијата ќе се демократизира, вели Бучковски запрашан дали ќе биде дел од нова партија, која што наскоро ќе се појави на политичката сцена.

Според него, демократизацијата не подразбира само заминување на Бранко Црвенковски од лидерската функција.

– Тоа не е доволно и нема да го реши проблемот. Таму треба да се смени досегашната матрица на размислување и однесување и да се цени квалитетот, а не поданичкиот однос кон лидерот. Кризата раѓа лидери, но и уништува лидери. Правилото „еднаш лидер – секогаш лидер” не поминува. Се покажа тоа преку примери во регионов и во соседството. А, ако СДСМ ги врати навистина и пратеничките мандати ќе предизвика и серија глупости, по што партијата ќе биде маргинализирана. Судбината на ПАСОК ќе стане и судбина на СДСМ, оценува Бучковски.

Тој најавува дека новиот плитички субјект, новата партија ќе биде промовирана во мај.

– Станува збор за крајно сериозен проект, за партија со граѓанска опција за европска Македонија. Јас сега не сакам да го контаминирам процесот како нејзин гласноговорник. Тоа ќе биде коалиција од видни интелектуалци и претставници на бизнис заедницата. Сега бараме поддршка од меѓународната заедница, бидејќи во овие околности за било што е потребна поддршка од нејзините претставници. Тоа е и доволен доказ дека новата партија не е диригирана од власта и дека нема да биде сурогат на СДСМ, вели професорот Бучковски.

Запрашан дали освен поддршка, и идејата за партијата е иницирана од меѓународната заедница, тој со одговор, „делумно да, пред се’, како притисок за неодговорното однесување на опозицијата.

Поврзани вести

(ВИДЕО) Каранфилова Пановска: По секои избори ВМРО... Владата издвојувала многу повеќе пари за граѓанскиот сектор отколку Фондацијата на Сорос (ФООМ) во Македонија. Фондацијата Отворено Општество Македо...
ДУИ контра ВМРО-ДПМНЕ за “десороизацијата“ и напад... ДУИ не се согласува со ставот на ВМРО-ДПМНЕ околу процесот на „десоросоизацијата”, процес кој го измисли и најави Никола Груевски против сите невладин...
ЗНМ: Осуда на вербалното насилство на власта проти... Здружението на новинарите на Македонија го осудува напливот на координирано вербално насилство на власта против новинари, кои се насочени против слобо...
Центар: Непознатиот советник на ВМРО-ДПМНЕ да не ј... ВМРО-ДПМНЕ преку лаги се обидува да ги изманипулира граѓаните на Центар, а опседнатоста со Жерновски добива веќе медицински размери. Добро е што ко...
Тодоров како и Груевски е минато, за здрвјето на г... Нова одговорна Влада на граѓаните на Македонија ќе го крене уништеното јавно здравство и со совесни мерки и политики ќе го штити здравјето на граѓанит...
Ристевски: Жерновски е неспособен да се справи со ... Состојбите со улиците во Центар стануваат загрижувачки, после секој паднат снег. Сите се загрижени, освен мрзливиот градоначалник Андреј Жерновски, ре...